Достапни линкови

Пакистанскиот суд му се закани на Мушараф


Первез Мушараф.

Первез Мушараф.

Пакистански суд се закани со апсење на поранешниот воен диктатор Первез Мушараф ако тој повторно не се појави за судењето за предавство. Денеска адвокатите на Мушараф рекоа дека тој отсуствува од судењето поради безбедносни закани, откако полицијата најде бомба во близина на неговата куќа. Мушарав треба да биде сослушан за предавство на посебен трибунал во главниот град, Исламабад. Судот, сепак, нареди Мушараф утре лично да се јави пред судиите. Седумдесетгодишниот поранешен генерал е обвинет за предавство со наметнување на вонредна состојба во ноември 2007 година. Пресудата може да значи смртна казна или доживотен затвор за него. Мушараф ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани. Тој е исто така обвинет за неколку други обвиненија во одделни случаи кои се однесуваат на неговата владеење во периодот од 1999 до 2008 година.
XS
SM
MD
LG