Достапни линкови

logo-print

Преговори за мир во Јужен Судан


Преговарачите на двете завојувани страни од Јужен Судан доцна денеска треба да започнат мировни преговори во Етиопија. Разговорите доаѓа во време на борби во градот Бор, кој се наоѓа на околу 120 километри од главниот град на земјата, Јуба. Бор стана центар на етничкото насилство кои произлезе од политички ривалство меѓу претседателот Салва Кир и соборениот потпретседател Риек Мачар, кој е лидер на бунтовниците и е обвинет за монтажа на неуспешниот обид за државен удар. Вашингтон соопшти дека се „длабоко загрижени“, за кревката безбедносна ситуација во Јужен Судан. САД ги повика властите во Јужен Судан да преземат итни чекори за да стават крај на конфликтот. Повеќе од 1.000 луѓе се убиени во насилствата што започнаа во средината на декември.
XS
SM
MD
LG