Достапни линкови

logo-print

Шумахер „стабилен“, но новата година ја дочека во кома


Здравствената состојба на Михаел Шумахер е стабилна, но тој новата година ја дочека во кома, изјави пред универзитетската болница во Гренобл неговата менаџерка Сабине Кем. Поранешниот шампион во Формула 1, се повреди пред три дена на скијање.

„Здраствена состојба на Шумахер изутрината и во текот на ноќта е стабилна“, рече неговата менаџерка пред бројните претставници на медиумите.

Кем рече дека тоа е добра вест и додаде дека прес-конференција ќе се одржи само ако има промени во здраствената состојба.

Таа одби да дава прогнози за здраствената состојба на Михаил Шумахер.
- Само лекарите од болницата се овластени да зборуваат за ова прашање, рече таа, додавајќи дека „состојбата останува критична“.

На вчерашната прес-конференција лекарите одбија да даваат прогнози, велејќи дека часовите кои престојат се „критични“. Лекарите и дирекцијата на универзитетската болница од Гренобл се под силен медиумски притисок.
XS
SM
MD
LG