Достапни линкови

Во Либан уапсен водач на фракција на Ал Каеда


Либанската разузнавачка служба уапси водач на организација поврзана со Ал Каеда. Либанскиот министер за одбрана Фајез Гош за новинската агенција АФП изјави дека службите го уапсиле Маџид ал-Маџид, „емирот“ на Бригадите на Абдула Азам, во главниот град Бејрут и оти тој е испрашуван на тајна локација. Ал-Маџид е баран од Саудиска Арабија и од САД под обвиненија за тероризам, а се верува дека тој бил вклучен во нападот врз иранската амбасада во Бејрут на 19 ноември минатата година. Бригадите на Абдула Азам ја презедоа одговорноста за нападот и соопштија дека тој бил со цел да се изврши врз шиитското движење Хезболах, кое е поддржано од Иран, да ги повлече своите борци од Сирија. Организацијата е именувана по Абдула Азам, ментор на убиениот лидер на Ал Каеда, Осама Бин Ладен.
XS
SM
MD
LG