Достапни линкови

Во новогодишната ноќ 23 алкохолни труења, хоспитализирани нема


Илустрација.

Илустрација.

Вкупно 23 акутни труења со алкохол, но ниту еден хоспитализиран, е исходот од синоќешната прослава на Нова Година. Како што соопшти денеска директорот на Универзитетската клиника за токсикологија, Антон Чибишев, прегледани се вкупно 28 пациенти што не се случило во последните пет години. Од регистрираните 23 алкохолни труења, 15 се кај мажи, а осум кај жени. Притоа, 11 пациенти се помали од 18 години.

„Сите пациенти кои дошле и побарале помош во нашата установа се успешно истретирани, дадена им е соодветна терапија и вратени се на домашно лекување“, рече Чибишев.
XS
SM
MD
LG