Достапни линкови

logo-print

Бугарите и Романците од денеска слободно на работа во цела ЕУ


Илустрација.

Илустрација.



Брисел, 1 јануари 2014 (МИА) - Бугарите и Романците од денеска можат слободно да работат во сите земји-членки на Европската унија.

Договорите на Бугарија и Романија за влез во ЕУ им дадоа право на 15-те „стари“ држави-членки да воведат ограничувања за пристапот за државјаните на овие две земји до нивните пазари на трудот во трање од седум години. Од денеска тој рок истекува, па Бугарите и Романците повеќе нема да имаат потреба од дозвола за работа во друга членка на Унијата.

Можноста Бугарите и Романците слободно да конкурираат на пазарите на трудот, заедно со локалните работници предизвика загриженост кај некои земји-членки. Тие стравуваат дека сиромашните имигранти од Источна Европа може да станат товар за социјалните системи на земјите-членки.

Најголема загриженост изрази Велика Британија, каде граѓаните на ЕУ, кои бараат работа на нејзиниот пазар на трудот повеќе немаат право на помош за невработените лица во првите три месеци од престојот. Доколку не успеат да докажат дека имаат реални шанси да пронајдат работа ќе бидат вратени во своите земји.
XS
SM
MD
LG