Достапни линкови

Новинар преправен во свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер


Михаел Шумахер.

Михаел Шумахер.

Еден новинар преправен како свештеник се обидел да влезе во болничката соба, во која е сместен Михаел Шумахер, повеќекратен шампион на Формула 1, кој доживеа тешка несреќа на скијање во Франција.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем по прес-конференцијата во францускиот град Гренобл, каде тој е сместен, на новинарите на германскиот весник „Велт“ им соопштила дека новинар преоблечен како свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер.

„Никогаш немаше да помислам дека вакво нешто ќе се случи“, рече таа.

Лажниот свештеник наводно е исфрлен од болницата, откако е утврдено дека не е тој за кој се претставувал.

Здравствената состојба на Шумахер во моментов е стабилна, потврди неговата менаџерка.

„Моментално тоа се добри вести, но бе би сакала да се впуштам во натамошни прогнози. Тој и натаму е во вештачки предизвикана кома“, рече таа.

Шумахер во неделата на скијање во францускиот центар Мерибел се здоби со тешки повреди, откако падна и со главата удри во карпа, а моментално е во вештачки предизвикана кома и лекарите на болницата во Гренобл се борат за неговиот живот.
XS
SM
MD
LG