Достапни линкови

Латвија - 18 членка на еврозоната


Латвија се приклучи на еврозоната на почетокот на Новата Година, со што стана 18 земја членка на еврозоната. На полноќ премиерот на Латвија Валдис Домбровскис рече дека европската валута е „голема можност за економски развој на Латвија.“ Еврото ќе ја замени сегашниот валута на земјата, лат, иако двете валути ќе бидат законско платежно средство за првите 14 дена од новата година, пред латот да биде укинат. Извештаите велат дека Латвијците имаат измешани чувства во врска со промената на валутата. Анкетите овој месец покажаа дека само една четвртина од населението е возбудено околу користењето на евра. Главната загриженост е дека цените ќе се зголемат.
XS
SM
MD
LG