Достапни линкови

logo-print

Грција на кормилото на ЕУ


Грчкиот премиер Антонис Самарас.

Грчкиот премиер Антонис Самарас.

Грција од денеска го презема шестмесечното претседавање со ЕУ. Атина за трошоците од своето раководење одреди 50 милиони евра, што е за 10 милиони евра помалку од Ирска, која и го предаде претседавањето.

Грчкиот премиер Антонис Самарас неодамна го смени шефот на протоколот за претседавањето, штом се откри дека тој планирал да потроши 125.000 евра за свилени вратоврски и марами, кои како подарок сакал да им ги даде на европските функционери и дипломати за време на инаугурацијата.

Драстично е намален и бројот на службеници во грчката мисија при ЕУ, со воведување забрани за вработување на нови.

За време на грчкото претседавање не се очекуваат значајни пресврти во внатрешната и надворешната политика на ЕУ, а поголем дел од мандатот ќе помине во знак на изборите за Европскиот парламент, кои треба да се одржат во април следната година.

За разлика од сите останати претседавачи во последните неколку години, Грците не го ставиле проширувањето на Унијата во својата програма на приоритети.
XS
SM
MD
LG