Достапни линкови

После декември дојде јануари - Среќна нова фискална 2014


Да се потсетиме на настаните кои ја одбележаа изминатата 2013 година и нè насмеаја или барем нè оставија со подзината уста - од изборите, преку Евровизија, па сè до фискалната лотарија.

Еве нè повторно на почетокот од уште една пресвртна историска година, 14-та од новиот милениум, во која желбите се бројни, а можностите за времево и просторов ограничени од суетата на поединецот – Балканец и неговото бреме од минатото.
Јас сум за Јани зошто Јани е градско, нашетано дете.
Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ.

​Како и да е, пред нас е периодот на нови пребројувања, множења и делења по сенекаква основа, незгаслива жед за власт и конечно време во кое или комплетно ќе ни се стемни или наивно и натаму ќе му се радуваме на секое ново ветување дека веќе утре ќе ни биде бетер. Па макар ни го извлекле бројот од барабанот на животот наречен ЛОТАРИЈА.
Многу ќе беше подобро Грција да го блокираше нашето членство на Евровизија наместо во ЕУ.
Коментар на социјалните мрежи.

звадок од контроверзниот спот за песната Империја на Влатко Лозановски и Есма Реџепова, македонски кандидат за Евровизија.
звадок од контроверзниот спот за песната Империја на Влатко Лозановски и Есма Реџепова, македонски кандидат за Евровизија.
Најнапред честитки до сите оние кои што си се офајдија и сè уште ги тресе лотариската треска, не се сомневаме дека останатите и натаму ќе ја продолжат сопствената криенка-миженка со среќата, а ние пак, за оваа пригода, наместо со силните теми и дилеми, вестите за несвест, условно хронолошки решивме да се позанимаваме со „мудростите“ и дејанијата на медиумски најекпонираните ѕвезди од нашево политичко-економско-(суб)културно буниште. Добредојдовте во Хотел Македонија!

Без особен редослед, откако нè искараа Филе, Бузек, Ховит и сличните европејски дипломати од кариера за декемвриските случувања во и околу Собранието та им се предадовме на ветувањата и локалните избори, ГРОМко започнуваме со градоначалникот на општина Карпош – Стевчо песнајрија Јакимовски кој богами се покажа како голем ербап.
Кога ме прашувате за впечатоците за Скопје, во Москва има гробишта каде во многу бронза е претставена целата историја на Русија, исто и Скопје сега ми наликува на гробишта, но во позитивна смисла.
Виктор Ерофеев, руски писател.

„Ви благодарам, покажавме дека ние граѓаните на Карпош не се плашиме од никога и идеме - „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине...“, пееше старо-новиот градоначалник на Карпош по изборната победа.

А, имаше и такви, демек „градски деца“ кои во изборната трка влегоа плачејќи.

„Јас сум за Јани зошто Јани е градско, нашетано дете“, рече Црвенковски промовирајќи го нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, кој сепак не седна во првата градска фотелја.

Добро утро, империјалисти! Вести од Империјата!
Од Центар сум, од улица Макси Ѓоргија.
Жител на Пустец гласа на изборите во Општина Центар.

„Дај не ги праќајте во Шведска. Дајте, ќе направиме уште некој споменик со тие пари“, коментираат граѓани на социјалните мрежи за македонската песна за Евровизија.

„Многу ќе беше подобро Грција да го блокираше нашето членство на Евровизија наместо во ЕУ“, коментира друг.

„Стварно, дај не ги праќајте во Шведска. Дајте, ќе направиме уште некој споменик со тие пари.“

„Место Лозано нека го пуштат Владо Јовановски. Не мора да пее. Ќе ги фатиме на Индијана Џонс финта.“

„Отвори се земјо, голтни ме! Единствена работа која сега добива смисла се спомениците: па тие да ти биле сценографија за песна на Евровизија! Море, каква ЕВРОвизија, ова е за Евроазија! И отаде“, коментираа граѓаните.
Не знам зошто сум дојдена, ми се јавија да дојдам пред Мајка Тереза.
Учесник на протестот против „уривање“ на црквата во Центар.

„Вчера имав можност да прошетам низ центарот на Скопје и го видов огромниот споменик на Алксандар Македонски, си помислив дека за 1.000 години можеби и ние во Русија ќе подигнеме таков грандиозен споменик на Путин на коњ, но сепак си реков можеби и нема да има таков споменик. Кога ме прашувате за впечатоците за Скопје, во Москва има гробишта каде во многу бронза е претставена целата историја на Русија, исто и Скопје сега ми наликува на гробишта, но во позитивна смисла“, рече познатиот руски писател Виктор Ерофеев при неодамнешната посета на Скопје.

А, во меѓувреме откако победата со тапани беше прославена, се случија и прегласувањата и битката за Центар – Тодоровиќ или Жерновски, власт или опозиција. Во Капиштец се случи Пустец. Пуста изборна Македонија!

„Од кој дел на Центар доаѓате?

–Од Ресен.

Зошто од Ресен, а гласате тука?

-Болен бев, во болница бев.

„Од Центар сум, од улица Макси Ѓоргија.“

„Од Димитриевски, Центар Димитриевски.“

А, на Жерновски уште неседнат во градоначалничката фотелја му се пуштија онака христијански верниците, оти демек сакал да ја урива црквата Свети Константин и Елена што осамна во дворот на АРМ и во комшилук на Музејот на Мајка Тереза.
Протест за поддршка на изградбата на црква во центарот на Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00
„Не знам зошто сум дојдена, ми се јавија да дојдам пред Мајка Тереза“, рече една анкетирана граѓанка.
За нас тежината на правните квалификации од овој извештај е исто како хартија од палома од штабот на СДСМ.
Илија Димовски, СДСМ.

По што друга ја праша:

„Кој ти јави да дојдеш, ти немаш свое мислење? Те известиле дека има некаков состанок, граѓански собир за нешто што се бориш. Ти што си, христијанка си или што си?

„Христијанка сум“, одговори првата жена.

„Па нели се бориш за традицијата, за тоа што некогаш се срушило да се направи“, пак праша втората жена.
Исто е после, потполно исто, јас пробав, изгледа како видео-игра, ама јас сум нестручен, не знам што да правам.
Никола Тодоров, министер за здравство.

Постизборно на лутите опозиционери им се случи и конгресот и на местото на Бранко Црвенковски седна градоначалникот на Струмица Зоран Заев, инаку љубител на серенади, заедно со Марјан Ристески уште еден градски татко кој им се восхитува на силиконите на Цеца и на штиклите на Северина. Турбо Македонија.
Младите социјалдемократи од Струмица го прославија роденденот на претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Младите социјалдемократи од Струмица го прославија роденденот на претседателот на СДСМ Зоран Заев.

И, по овие празни муабети на Комисијата за расчистување на настаните од 24 декември, под притисок на странциве, падна договорот. За некого беше документ, а за друг парче тоалетна хартија.

„За нас тежината на правните квалификации од овој извештај е исто како хартија од палома од штабот на СДСМ со којашто можат да продолжат да го водат орото радувајќи се дека оваа година може да има предвремени избори“, речи Илија Димовски од СДСМ.
Голем дел од луѓето, особено луѓето што страдаат од сиромаштија ќе се приклонат кон уживањето во сексот како едно од ретките задоволства што ги имаат.
Субрата Рој, индиски бизнисмен.

А, дека министерот за здравство Тодоров работи не е спорно. По сопствено признание по 19 часа на ден. Работи и кога е зад симулаторот за лапароскопопија. Работи и кога им објаснува на докторите, хирурзите како изгледа тоа.

„И на крај, значи ја правите операцијата и на крај ти дава скор, тука си направил добро, тука малку си згрешил, овде малку повеќе крв итн. Знаеш точно каде си имал проблем, еднаш, два пати, три пати и го усовршуваш комплет. Исто е после, потполно исто, јас пробав, изгледа како видео-игра, ама јас сум нестручен, не знам што да правам“, им рече Тодоров на докторите.
Се случуваат работи кои се непримерни, на свештените и монашките лица да им се упатуваат дури и некои непристојни фотографии од разни жанрови, а некаде дури и ми беше кажано дека имало и фотографии од проституција испратени до свештени лица.
Владиката Петар.

„Не би рекол така“, рече еден доктор.

„Не, нестручен сум, ама пробав како се чувствува“, одговори Тодоров.

Да, да, да, да – се согласија стручњаците. Човекот си ја знае работата. И, штеди ве молам. Затоа внимателно со обвинувањата оти летаат микрофони.

„Криминалец ме правите, па нема ништо повеќе да ме нервира од тоа некој криминалец да ме направи, па тука на јавна говорница пред сите, па треба малку кредибилитет да се има, срамота, за тоа ме направивте криминалец овде пред сите“, рече Тодоров, а собраниските микрофони беа жртва на неговата нервоза.
Што ќе се случи во декември, после декември ќе дојде јануари.
Ѓорге Иванов, претседател на Македонија.

Инаку, без конкуренција медиумски херој на нашево општествено-економско-социо буниште во изминатата 2013 дефинитивно беше братот Субрата со ветувања РОЈ. Почна со ЛЕБ И СОЛ, па преку Љубаништа, кравите и тракторите во Џумајлија и по плоштад Македонија за каде ни вети споменик на Мајка Тереза голем како куќа, заврши со лекции за сексот во храмот на уметноста – сè уште неотворениот театар крај Вардар. Од Индија за плодноста и казните со љубов.

„Голем дел од луѓето, особено луѓето што страдаат од сиромаштија ќе се приклонат кон уживањето во сексот како едно од ретките задоволства што ги имаат. Тоа значи дека ќе расте и густината на популацијата, со оглед на тоа што ќе има повеќе деца“, рече Субрата Рој.

И, додека човек да се прекрсти од напливот на надојдените неразбрани реки мудрости, ВЛАДИЦИТЕ од МПЦ како тоа да им е единствената грижа удрија по ФЕЈСБУК и оние свештеници кои се осмелиле да посегнат по социјалните мрежи.

„Се случуваат работи кои се непримерни, на свештените и монашките лица да им се упатуваат дури и некои непристојни фотографии од разни жанрови, а некаде дури и ми беше кажано дека имало и фотографии од проституција испратени до свештени лица и сето тоа говори за една голема опасност и еден сериозен предизвик за угледот и достоинството на МПЦ“, објаснуваше владиката Петар.

А потоа ним, на административците им се случи час по етика. Пораката беше повикајте се на законите, и ако сакате на мојот говор.

„Ако притисок се обиде да ви изврши ваш претпоставен да направите нешто надвор од закон, одбијте го и повикајте се на законот, на етичките норми и ако сакате и на овој мој говор“, им рече Груевски на административците.

И, некаде на крајот на годината изедовме уште една корпа од Унијата, арно ама европејците ни порачаа дека ќе размислувале за нашата иднина. Дотогаш нам ни преостанува да се крстиме во новиот 50-метарскиот крст што ќе никне над скопски Аеродром.

„Што ќе се случи во декември, после декември ќе дојде јануари“, во право беше претседателот Иванов.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG