Достапни линкови

Груевски: Подготвени сме за ЕУ и НАТО кога ќе не прифатат какви што сме


Подготвени сме да се придружиме на ЕУ и на НАТО тогаш кога и тие ќе бидат подготвени да не прифатат такви какви што сме, и тоа што сме, вели во годишното обраќање премиерот Никола Груевски говорејќи за надворешната политика на Република Македонија.
Го добивме петтиот по ред позитивен извештај од Европската унија, но и овој пат на Македонија не и беше дадено заслуженото од причина што ЕС неможе да обезбеди консензус од сите земји членки, за што главна причина е барањето за промена на уставното име на земјата, и името на македонскиот јазик и нација, од една земја членка, која своето членство го користи и недозволува придвижување на Македонија ниту во НАТО ниту во ЕУ, истакнува Груевски.
Имајќи во обзир, како што подвлекува премиерот, дека нашиот јужен сосед се соочува и со тешка финаска криза, која може да го доведе во прашање и кредибилитетот на еврото како заедничка валута на поголемиот дел од земјите членки, напорите на сите поважни земји членки во моментот се фокусирани на тоа прашање. - И повеќе од очигледно е дека барем засега немаат намера да вршат притисок на нашиот јужен сосед по било кое друго прашање освен финасиските, а без таков притисок шансите за решение се минорни, додава тој.
XS
SM
MD
LG