Достапни линкови

Романците и Бугарите можат да работат во целата ЕУ


Бугарите и Романците од утре ќе можат слободно да работат во сите земји-членки на Европската унија.
Можноста Бугарите и Романците слободно да конкурираат на пазарите на трудот, заедно со локалните работници предизвика загриженост кај некои земји-членки.
Тие стравуваат дека сиромашните имигранти од Источна Европа може да станат товар занивните социјални системи.
Најголема загриженост изрази Велика Британија, каде од денеска граѓаните на ЕУ, кои бараат работа на нејзиниот пазар на трудот нема да имаат право на помош за невработените лица во првите три месеци од престојот. Доколку не успеат да докажат дека имаат реални шанси да пронајдат работа ќе бидат вратени во своите земји.
XS
SM
MD
LG