Достапни линкови

logo-print

Во Бурма ослободени политички затвореници


Властите на Бурма денеска ослободија уште пет политички затвореници. Според активистите, во земјата има уште се околу 40 политички затвореници. Тие беа затворени за незаконско здружување, велепредавство, непочитување на владата, и кршење на законот за мирни собири.
Претседателот на Бурма Теин Сеин вети дека сите политички затвореници ќе бидат ослободени до крајот на 2013 година. Тоа е услов поставен од западните влади за укинување на санкциите против Бурма каде за време на воената хунта имаше над 2.000 политички затвореници.
XS
SM
MD
LG