Достапни линкови

Временска прогноза-облачно и магливо


Времето во Македонија ќе биде облачно, по одделни котлини магливо. За време на новогодишната ноќ ќе се задржи облачно, тивко и не многу студено со магла по котлините. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до девет степени.
Во Скопје со ниска облачност, а во текот на ноќта со магла. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до четири степени.
И во наредните денови не се очекува некоја позначителна промена на временската состојба. И натаму по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност.
XS
SM
MD
LG