Достапни линкови

Тони Паркер се извини за антисемитистички гест


Француската кошаркарска ѕвезда Тони Паркер се извини по објавената фотографија, направена пред три години на која тој прави гест што се смета за антисемитистички. Овој гест беше повторно актуелизиран откако во саботата го направи и францускиоте фудбалер Николас Анелка. Во соопштението Паркер вели дека мислел оти гестот бил дел од некаква шега и оти немал намера никого да навреди. Паркер има освоено три титули во НБА со Сан Антонио Спарс и беше француски кошаркарски репрезентативец.
XS
SM
MD
LG