Достапни линкови

Извлечени наградите од „Фискална во рака, награда без мака“


Трајко Кузмановски од Куманово е добитник на станот, а Димитар Миладинов од Струга на деловниот простор во Скопје. Автомобилот „Пежо 208“ го доби Панде Мановски од битолското село Буково. Ова се добитниците во првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“ организирана од Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финасии. Вицепремиерот Зоран Ставрески изјави дека биле надминати очекувањата на Министерството за финансии што покажало дека граѓаните биле мотивирани оти прават нешто општествено корисно, односно дека бројката од над 800.000 коверти зборува за широката прифатеност на наградната игра. Наградната игра поради големиот интерес наместо девет ќе има вкупно 13 извлекувања.
XS
SM
MD
LG