Достапни линкови

Заев: 2013, уште една изгубена година


Претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во новогодишното обраќање, честитајќи им ги претстојните новогодишни и божикни празници на граѓаните, оценува дека 2013-та е година на изгубени битки, година на сиромаштија и социјална неправда и немање слобода на говорот. „СДСМ заедно со Вас го вперува прстот кон виновниците од власта и сериозно ги предупредува дека Македонија и нејзините граѓани нема да им дозволат нова кражба и ново газење по честа и достоинството. Немаме нови години за губење поради нечовечката злоупотреба на власта од изгубените во времето и просторот. Токму затоа, и оваа 2013 година може да ни биде од полза, доколку знаеме како да извлечеме поуки од неа, вели Заев.
XS
SM
MD
LG