Достапни линкови

Иванов упати сочувство до Путин по повод нападите во Волгоград


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Волгоград, упати писмо со сочувство до претседателот на Русија Владимир Путин. „Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Македонија и од мое лично име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека мислите на македонските граѓани се со Вас и со пријателскиот руски народ“, се вели во писмото во кое се додава дека тероризмот е глобален предизвик кој бара и глобален одговор, соработка и взаемна поддршка.
XS
SM
MD
LG