Достапни линкови

logo-print

Ердоган: корупциската афера нема да ме собори од власт


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека ќе ја преживее корупциската криза, додавајќи дека оние што се обидуваат да го соборат од власта нема да успеат во тоа, исто како и антивладините протести од ова лето. Ердоган тврди дека корупцискиот скандал е меѓународен заговор и ги обвини опонентите дека не се грижат за корупцијата, туку сакаат да ја поткопаат властта во Турција, која економски се преобрази за време на неговото 11 годишно владеење. Илјадници Турци во петокот побараа оставка од владата и се судрија со полицијата во центарот на Истанбул.
XS
SM
MD
LG