Достапни линкови

Шумахер се бори за живот


Француските доктори денеска соопшрија дека поранешниот седумкратен шампион на Формула еден Михаел Шуамхер се борел за неговиот живот во болница во Гренобл откако претрпел тешки повреди на главата по падот на скијање. Шумахер, како што се наведува, и натаму бил во бесознание. Докторите не се осмелуваат да предвидат како ќе се развива здравствената состојба на Шумахер. 44 годишниот Шумахер, според извештаите, удрил со главата во карпа додека скијал во скијачкиот центар Мерибел на француските Алпи. Тој скијал надвор од означената патека заедно со неговиот 14 годишен син. Се наведува дека Шумахер за време на несреќата имал на главата заштитен шлем што донекаде го намалил интензитетот на ударот во карпата.
XS
SM
MD
LG