Достапни линкови

Пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина


Изутрината било пукано врз резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина, соопшти грчката полиција, додавајќи дека во инцидентот нема повредени, прецизира полицијата. Најмалку четири куршуми завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата. Истрагата до овој момент собрала 15 куршуми. Според полициски извори, имало двајца напаѓачи. Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд. Антигерманската реторика е широко распространета меѓу грчките опозициски политичари и групи, кои се противат на спасувачките договори за земјата, заради строгите мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG