Достапни линкови

logo-print

Насилства во Кина, осуммина убиени


Кинеските власти соопштија дека во бунтовничкиот западен регион Синџијанг полицијата денеска убила осум лица за време на, како што се наведува, терористички напад. Се прецизира дека за време на денешната акција бил заробен еден од напаѓачите кои биле вооружени со ножеви и со експлозивни материјали. Нема извештаи за жртви меѓу цивилите и полицијата. Ова е втор ваков инцидент во тој регион во изминатиов месец. Во претходниот биле убиени 14 луѓе. Синџијанг е населен главно од етнички Ујгури кои се муслимани и кои ги обвинуваат кинеските власти дека не ги почитуваат нивните права на јазик и вера.
XS
SM
MD
LG