Достапни линкови

Светот во 2013


Потсетување на она најкарактеристичното во 2013 година на меѓународната сцена.

Јануари месецот кога Барак Обама даде заклетва во почетокот на вториот мандат како американски претседател почна со првото појавување во јавноста на сирискиот претседател Башар ал Асад чија земја страда во граѓанска војна.

„Тие ова го нарекуваат револуција, но ова нема ништо заедничко со револуција. Револуциите се базираат врз идеја. На револуциите им се неопходни лидери, но не онакви донесени од надвор кои се против сопствениот народ“, рече тој.

***


Во февруари, Папата Бенедикт 16 на состанок со неговите кардинали во Ватикан објави дека поднесува оставка.

„Сигурен сум дека мојата сила, поради поодминатите години, веќе не е соодветна со она што е неопходно за оваа служба“, рече тој.

***
Мојата сила, поради поодминатите години, веќе не е соодветна со она што е неопходно за оваа служба.
Бенедикт XVI, поранешен папа.

Кон средината на февруари во уралскиот дел на Русија падна голем метеорит кој предизвика огромна штета.

„Областа Челијабинск останува најмногу погодена. Како резултат од воздушниот бран се оштетени 297 куќи, 12 училишта и многу индустриски погони“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

***

Во февруари падна бугарската влада поради уличните протести предизвикани од големите сметки за струја.

„Секоја капка крв, драги колеги останува на нас. Не можам да гледам огради околу парламентот. Власта не е наша цел“, изјави премиерот Бојко Борисов.

Секоја капка крв, драги колеги останува на нас. Не можам да гледам огради околу парламентот.
Бојко Борисов, поранешен премеир на Бугарија.
***

Во почетокот на март беше соопштено дека почина претседателот на Венецуела Уго Чавез.

„Денеска 5 март по седницата на министерскиот совет, дојдовме тука во воената болница да видиме како е нашиот командант. Ја добивме најлошата и најтрагична вест, дека Уго Чавез Фриас почина“, соопшти потпретседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој потоа беше избран за негов наследник.

***

На 13 март, Римокатоличката црква избра нов поглавар. Од Аргентина, односно прв неевропски по над илјада години.
Ова е грозоморен и кукавички акт. Она што го знаме досега станува збор за акт на тероризам. Секогаш кога бомбите имаат за цел цивили тогаш тоа е акт на тероризам.
Барак Обама, претседател на САД.

„Неговото име е Хорхе Марио Бергољио и тој го зеде името Франциско“, беше соопштено од балконот на базиликата Свети Петар во Ватикан, по што новиот папа изјави:

„Браќа и сестри. Добровечер. Како што знаете, должност на конклавата е да му даде на Рим нов поглавар. Изгледа дека моите браќа кардинали отидоа скоро до крајот на светот“, рече новиот папа.

***

На 8 април почина поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

„Денеска е навистина тажен ден за нашата земја. Загубивме голем премиер, голем лидер и голем британец. Маргарет Тачер како прва жена премиер не само што ја водеше, туку и ја спаси нашата земја“, рече британскиот премиер Дејвид Камерон.

***
2013 во две ипол минутно видео
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Една недела потоа се случи бомбашкиот напад за време на маратонската трка во Бостон во кој имаше мртви и повредени.

„Ова е грозоморен и кукавички акт. Она што го знаме досега станува збор за акт на тероризам. Секогаш кога бомбите имаат за цел цивили тогаш тоа е акт на тероризам“, изјави американскиот претседател Барак Обама.
Преговорите завршија. Текстот беше парафиран од двајцата премиери. Ова е чекор подалеку од минатото и поблиску до Европа за двете страни.
Кетрин Ештон, шефица на европската дипломатија.

***

Во Брисел на 19 април беше постигнат напредок во преговорите меѓу Србија и Косово.

„Преговорите завршија. Текстот беше парафиран од двајцата премиери. Ова е чекор подалеку од минатото и поблиску до Европа за двете страни“, изјави шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон.


***

Се соочуваме со сцени на хаос против демократијата во земјата.
Реџеп Таип Ердоган, премиер на Турција.
Во мај и јуни на истанбулскиот плоштад Таксим дојде до протести на кои главно млади луѓе бараа оставка на турската влада.

„За жал сведоци сме на инциденти, напади и провокации. Се соочуваме со сцени на хаос против демократијата во земјата“, рече турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пред неговите приврзаници.

***

На први јули Хрватска и официјално стана членка на Европската унија.

„Драги пријатели, добредојдовте во Европската унија“, изјави на церемонијата во Загреб претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

***

Се надеваме дека ќе постигнеме национален дијалог со што ќе заврши насилството и ќе се обезбеди стабилност на Египет.
Абдел Фатах ал Сиси, шеф на египетската војска.
Истиот ден во Белград српскиот премиер Ивица Дачиќ зборуваше за одлуката Србија да добие зелено светло за почеток на процесот за влез во Европската унија.

„Овој историски ден за Србија исто така претставува пресврт на целото општество кон модернизација, нов знак за квалитетот на нашата држава и општество“, рече тој.

***

Во Египет пак, шефот на војската генерал Абдел Фатах ал Сиси соопшти дека по протестите во земјата, од власт бил соборен исламситичкиот претседател Мохамед Морси.

„Се надеваме дека ќе постигнеме национален дијалог со што ќе заврши насилството и ќе се обезбеди стабилност на Египет“, рече тој.
Се согласивме да го уништиме сето хемиско оружје вклучувајќи ја и можноста тоа да се направи надвор од Сирија.
Џон Кери, државен секретар на САД.

***

По августовскиот напад со хемсико оружје во едно предградие на Дамсак, главниот град на Сирија, министрите за надворешни работи на САД и на Русија Џон Кери и Сергеј Лавров во септември во Женева постигнаа договор за сириското хемиско оружје:

„Се согласивме да го уништиме сето хемиско оружје вклучувајќи ја и можноста тоа да се направи надвор од Сирија“, изјави Џон Кери.

***

На први октомври претседателот Барак Обама објави делумно затворање на американската влада.
Тоа не се прави меѓу пријатели. Ние мора да си веруваме.
Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

„На полноќ, за прв пат во изминативе 17 години, републиканците во Конгресот одбраа затворање на федералната влада. Да бидат поспецифичен: една фракција на Републиканската партија затвори големи делови на владата, затоа што не им се допаѓал еден закон“, рече Обама.

***

Кон крајот на октомври германската канцеларка Ангела Меркел во врска со наводите дека американската Агенција за национална безбедност го следел нејзиниот мобилен изјави:

Секогаш кога зборувавме за оваа Агенција ставав јасно до занење, и до американскиот претседател, дека тоа не се прави меѓу пријатели. Ние мора да си веруваме“, рече Меркел.
Не сакам да кажам дека сите наши економски проблеми се поради санкциите.
Хасан Рохани, претседател на Иран.

***

Во почетокот на ноември на Косово се одржаа локални избори. Во северниот дел на Митровица, населен од Срби дојде и до насилство.

„ЕУЛЕКС го осудува ваквото насилство на избирачките места. Напад врз изборно место е едно од најлошите работи што можете да ги направите“, изјави шефот на ЕУЛЕКС Бернд Борхард.

***

Кон крајот на ноември дојде и до договор меѓу Иран и шестте светски сили за привремено стопирање на иранската нуклеарна програма, во замена за олабување на меѓународните санкции.

„Не сакам да кажам дека сите наши економски проблеми се поради санкциите“, рече новоизбраниот ирански претседател Хасан Рохани.
Властите мора да одговораат за непотпишувањето на спогодбата и затоа мора да си заминат. Мора да бидеме обединети.
Виталиј Кличко, светски боксерски шампион, еден од лидерите на украинската опозиција.

***

Во Киев почнаа масовни протести откако претседателот Виктор Јанукович, и покрај неколкугодишните подготовки, одби да ја потпише Спогодбата за асоцијација со Европската унија и најави потесни врски со Русија.

„Властите мора да одговораат за непотпишувањето на спогодбата и затоа мора да си заминат. Мора да бидеме обединети“, изјави еден од лидерите на украинската опозиција Виталиј Кличко, инаку светски боксерски шампион.


***

На петти декември, јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума објави дека почина големиот борец против апартхедот нобеловецот за мир Нелсон Мандела.

„Нашата земја го загуби најголемиот син. Нашиот народ го загуби таткото. И покрај тоа што знаевме дека овој ден ќе дојде, ништо не може да го ублажи нашето чувство на жал и голема загуба“, рече тој.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG