Достапни линкови

Нов бомбашки напад во Волгоград, 10 загинати


Руските власти информираат дека 10 луѓе биле убиени, а уште 10 се повредени утринава во експлозија во тролејбус во градот Волгоград на југот на земјата. Ова е втор напад во Волгоград, откако вчера во самоубиствен бомбашки напад на железничката станица беа убиени 17, а повеќе од 40 луѓе беа повредени. Властите велат дека има првични индикации дека и вториот напад е акт на тероризам, веројатно извршен од бомбаш самоубиец. Руските власти по првиот напад соопштија дека е зајакната безбедноста на железничките и автобуски станици, на аеродромите и во други објекти. Засега никој не ја презеде одговорноста, но руските власти се сомневаат во исламистичките милитанти од Северниот Кавказ. Советот за безбедност на ОН го осуди нападот на железничката станица што се случи шест недели пред почетокот на Зимските олимписки игри во рускиот град Сочи.
XS
SM
MD
LG