Достапни линкови

logo-print

Шумахер се бори за живот по скијачка несреќа во Франција


Пензионираниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Пензионираниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Пензионираниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, е во критична состојба и во кома со повреда на черепот што ја здоби во скијачка несреќа, соопштува болницата во францускиот град Гренобл. Во писмената изјава од болницата се наведува дека повредите на Шумахер „бараат итна неврохируршка операција“. Медиумите јавуваат дека 44-годишниот Шумахер удрил со главата во камен додека вчера скијал надвор од патеката во одморалиштето Мерибел на Француските Алпи. Тој наводно носел кацига за време на несреќата. Германецот Шумахер, кој по втор пат се повлече од Формула 1 на крајот на сезоната 2012, освои две шампионски титули со клубот не Бенетон и пет шампионски титули во серија со тимот на Ферари. Со рекордни 91 победи, тој е рангиран како најуспешен возач на Формула 1 на сите времиња.
XS
SM
MD
LG