Достапни линкови

Израел ослободува нови 26 палестински затвореници


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Израел денеска треба да ослободи 26 палестински затвореници како дел од мировниот процес што е поддржан од САД. Тоа би било трето ослободување на палестински затвореници кои отслужуваат долгогодишни казни затвор. Првите две ослободувања беа во август и во октомври. Сите ослободени палестински затвореници се осудени за убиства на Израелци и се осудени на казни меѓу 19 и 28 години. Како одговор на ослободувањата, се очекува Израел и официјално да ги објави плановите за градење на 1.400 нови домови во Западниот Брег и во Источен Ерусалим, потег што веројатно ќе ги налути Палестинците. Се очекува, американскиот државен секретар Џон Кери да го посети регионот оваа недела и да изврши притисок врз Израел и врз Палестинците да се договорат за рамка за прелиминарен договор до април.
XS
SM
MD
LG