Достапни линкови

Најмалку 14 загинати во вчерашните напади ширум Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Најмалку 14 луѓе загинаа, а десетици се повредени во вчерашните напади ширум Ирак. Најкрвавиот напад се случи во градот Мосул на северот на земјата, каде што во напад на бомбаш-самоубиец врз армиска патрола беа убиени четворица високи офицери и четворица војници, а деветмина војници и четворица цивили беа ранети. Вооружени напаѓачи во Багдад, пак, отвориле оган врз контролен пункт на сунитската милиција во областа Абу Граиб при што биле убиени четворица припадници на милицијата, а тројца биле повредени. Сунитската милиција, позната како Совет за будење, е провладина и е противник на Ал Каеда. Милицијата беше формирана од американската армија во 2006 година. Во експлозија на бомба во Багдад вчера загинаа двајца цивили, а осуммина беа ранети. Според новинската агенција Асошиејдед прес, само овој месец во Ирак биле убиени 490 луѓе.
XS
SM
MD
LG