Достапни линкови

logo-print

Нова експлозија во Волгоград, десетмина загинати


Руските новински агенции јавуваат дека десет лица биле убиени, а уште толку ранети во експлозија во тролејбус во Волгоград. До експлозијата дошло денеска, еден ден по самоубиствениот напад во железничката станица во истиот град кога загинаа 17 луѓе. Локалните власти спроведуваат истрага за да се утврди дали денешната експлозија била поврзана со вчерашниот, како што е оценето, терористички напад. Досега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад, но руските претставници сугерираат дека зад него стојат исламски милитанти од соседниот севернокавкаски регион. До ова доаѓа само на шест недели пред Зимските Олимписки игри во Сочи.
XS
SM
MD
LG