Достапни линкови

Најмалку 6 жртви во напади во Ирак


Ирачките власти соопштија дека најмалку шест лица загинале во два оделни инциденти во главниот град Багдад. Во првиот напад вооружена група отворила оган на еден полициски контролен пункт при кој загинале четворица припадници на безбедносните сили. Во вториот напад во експлозија на бомба загинале двајца цивили. Насилството во Ирак го достигна највисокото ниво од 2008 година, при што повеќе од 6750 лица биле убиени.
XS
SM
MD
LG