Достапни линкови

Последниот странски активист на Гринпис ја напушти Русија


Томаж Џиемианчук

Томаж Џиемианчук

Последниот странски активист на Гринпис кој беше уапсен по обидот за протест на нафтена платформа на Газпром на Артикот отпатува за својата татковина. Полјакот Томаж Џиемианчук денеска отпатува од Санкт Петерсбург за Варшава. Тој пред летот изјави дека е среќен што си оди дома.
Тој заедно со уште 25 странски активисти и четворица Руси беа уапсени во септември. Обвиненијата против нив беа повлечени на почетокот на месецов, по добиената амнестија од Кремљ.
XS
SM
MD
LG