Достапни линкови

Пет обезглавени тела пронајдени во Мексико


Властите во Мексико соопштија дека биле пронајдени пет обезглавени тела во западната држава Мичоакан. Убиствата се претпоставува дека се поврзани со војната меѓу наркокартелите во земјата. Обвинителството соопшти дека главите на тројца од убиените биле поставени веднаш до нивните тела. Другите две тела исто така биле пронајдени на периферијата на градот Морелиа, но на друга локација.
XS
SM
MD
LG