Достапни линкови

САД-разузнавачите предвидуваат намалено влијание во Авганистан


Авганистанското знаме

Авганистанското знаме

Вашингтон пост соопшти дека новата проценка на американските разузнавачи е дека придобивките на САД и нивните сојузници кои ги постигнале во изминатите три години во Авганистан најверојатно ќе бидат значително еродирани до 2017 година. Весникот објави дека разговарал со претставници на власта кои ја прочитале класифицираната анализа на Националната разузнавачка агенција.
Според анализата, се предвидува дека талибанците ќе станат повлијателни по повлекувањето на САД од земјата. Во анализта се предвидува и дека во Авганистан за брзо време ќе западне во хаос доколку не биде потпишан договорот за безбедност.
XS
SM
MD
LG