Достапни линкови

logo-print

Нема да се испочитува рокот за хемиското оружје од Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Шефот на одделот за разоружување во руското Министерство за надворешни работи, Михаил Уљанов, изјави дека отстранувањето на отровите од Сирија кои владата ги користи за производство на хемиско оружје нема да може да бидат отстранети од земјата до крајниот рок, 31 декември. Тој рече дека хемикалиите сè уште не се донесени до сириските пристаништа за со странски бродови да бидат однесени на безбедно уништување надвор од сириската воена зона. Уљанов вели дека датумот на операцијата веројатно нема да биде објавен однапред за да се намалат шансите за пречки од страна на милитантите. Сириската влада се согласи да ги уништи резервите на хемиско оружје до јуни наредната година според руско-американскиот договор. Отровите кои може да се користат за производство на сарин, ВХ гас и други агенси треба да бидат транспортирани од пристаништето во Лакатија.
XS
SM
MD
LG