Достапни линкови

ЕУ загрижена за корупцискиот скандал во Турција


Европската унија изрази загриженост за продлабочувањето на корупцискиот скандал во Турција и побара од неа да го реши проблемот на транспарентен и непристрасен начин, јавуваат светските новински агенции. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека дека истрагата, во чии рамки беа приведени над 50 лица, е дел од заговор за соборување на неговата влада. Истовремено, беа сменети повеќе високо позиционирани полицајци и обвинители, кои учествуваа во операцијата. Шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд денеска преку својот твитер профил ја повика оваа земја кандидат за членство во ЕУ да се врати на патот на демократските реформи, инспирирани од ЕУ.
XS
SM
MD
LG