Достапни линкови

Студент загина при насилни протести во Каиро


Еден студент загина а најмалку четворица други се ранети при судирите на египетските безбедносни сили со поддржувачите на Муслиманското братство во Каиро. Околу 60 луѓе денеска се приведени за време на протестите кои се оддржаа во универзитескиот кампус Ал Азхар. Судирите настанаа кога симпатизерите на Братството ги спречуваа студентите да влезат во Универзитетот, по што еден од демонстрантите подметна пожар во зградата а полицијата возрати со солзавец. Египетската полиција соопшти дека дел од демонстрантите биле вооружени со и молотови коктели.
Претходно во петокот четворица демонстранти загинаа при судиритите со полицијата откако владата ја соопшти одлуката дека Муслиманското братство ќе биде прогласено за терористичка организација.
XS
SM
MD
LG