Достапни линкови

Космонаути поминаа 8 часа во вселенска прошетка


Илустрација

Илустрација

Двајца руски космонаути поминаа повеќе од 8 часа во отворената вселена, при што имаа и неуспешен обид да инсталираат камери на надворешноста на Меѓународната вселенска станица. Космонаутите Олег Котов и Сергеј Риазански ги поставија камерите со висока резолуција за една канадска компанија која се надева дека ќе ја сними Земјата. Но, поради некој проблем, властите соопштија дека камерите не можеле да воспостават контакт со станиците на Земјата и космонаутите ги внесле внатре на испитувања. Ова беше трето излегување од Станицата оваа недела. Двајца американски космонаути минатата сабота и во четвртокот излегоа да ги заменат пумпите за ладење што привремено ги попречи операциите во Станицата.
XS
SM
MD
LG