Достапни линкови

Напади врз медицинарите што вакцинираат против полио во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Вооружени напаѓачи убиле здравствен работник кој работел на спречување на ширењето на детска парализа во напад врз болница во предградие на Пешавар во северозападен Пакистан. Во нападот биле ранети еден болничар и една жена. Властите го осудија нападот и најавија дека ќе ги заштитат здравствените работници и дека ќе продолжат со кампањата за вакцинација. Милитантите годинава убија голем број анти-полио здравствени работници и полицајци што ги штитат. Милитантите тврдат дека вакцинацијата против детска парализа се користи од западните земји за шпионажа и за стерилизација на муслиманските деца. Пакистан е една од трите држави во светот каде што вирусот на детската парализа е сè уште ендемичен.
XS
SM
MD
LG