Достапни линкови

Четворица американски војници приведени во Либија


Илустрација.

Илустрација.

Стејт департментот соопшти дека четворица членови на американскиот воен персонал биле кусо приведени од либиските владини сили пред да бидат ослободени. Портпаролката Џен Псаки не соопшти детали зошто Американците биле задржани, велејќи дека „сè уште се обидуваат да ги утврдат фактите за инцидентот“. Ова е последниот инцидент со Американци во Либија по соборувањето на долгогодишниот владетел Моамер Гадафи во 2011 година. Во октомври, американските командоси во Триполи го заробија осомничениот припадник на Ал-Каеда, Абу Анас ал-Либи. Во септември минатата година, пак, четворица американски дипломати, вклучувајќи го и амбасадорот во Либија, беа убиени во напад од исламистички милитанти врз американскиот конзулат во Бенгази.
XS
SM
MD
LG