Достапни линкови

Кина официјално ја олабави политиката на едно дете


Кина официјално ја олабави политиката со која на брачните парови им дозволуваше да имаат само едно дете. Според новите правила кои беа донесени вчера, на двојките во кои барем еден од партнерите бил единствено дете на неговите родители, ќе им биде дозволено да имаат второ дете. Претходно им беше дозволено второ дете на двојките во кои двајцата партнери се единци. Одлуката која беше ратификувана од Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес е прво олеснување на рестриктивната натална политика која беше донесена во 80-тите години на минатиот век. Според кинеските комунистички власти, политиката на едно дете е заслужна за справувањето со растот на населението. Сепак, во последно време се појави загриженост за способноста на Кина за грижа за старото население. Кина е најнаселена земја на светот со 1,35 милијарди жители.
XS
SM
MD
LG