Достапни линкови

Убиен сунитски пратеник во Ирак


Илустрација.

Илустрација.

Ирачките безбедносни сили го уапсија сунитскиот пратеник Ахмед ал-Алвани под обвиненија за тероризам во градот Рамади на западот на земјата. Неговиот брат и тројца негови телохранители беа убиени во престрелката откако отвориле оган кон полицајците што дошле да го уапсат пратеникот изутринава, соопштуваат властите. Најмалку четворица војници и 12 телохранители се ранети. Ал-Алвани е познат сунитски опозиционер и ги предводеше протестите против ирачката влада предводена од шиитите. Меѓуверските насилства во Ирак меѓу шиитското мнозинство и сунитското малцинство ескалираа годинава. Според проценките на ОН, оваа година во Ирак загинаа повеќе од 8 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG