Достапни линкови

logo-print

Хрватска - Уапсени 364 луѓе во аферата „Хипокрит“


Хрватското обвинителство во рамките на аферата „Хипокрит“ поднесе обвинение против 364 луѓе и против фармацевтската компанија „Фармал“, поради здружување за извршување кривични дела, поткуп, злоупотреба на моќ и авторитет и поттикнување на злоупотреба на службена положба и овластувања.

Станува збор за обвинение со кое се опфаќаат најмногу луѓе во историјата на хрватското обвинителство. Меѓу обвинетите се околу 300 општи лекари и фармацевти.

Во обвинението се вклучени раководните членови на фармацевтската компанија „Фармал“ кои се обвинети дека преку мрежа на посредници, нуделе и давале мито на општи лекари и фармацевти за препишување на пацентите лекови од компанијата.

Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал синоќа објави дека меѓу обвинетите се и претседателот на управниот одбор на Фармал, извршната директорка за корпоративни работи, директорката за контрола на продажба и регионални директори од секторите југ и север.
XS
SM
MD
LG