Достапни линкови

Временска прогноза - променливо облачно


Времето претпладне ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови од земјава. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот облачноста постапено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура се движи од два до 10, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје дневната температура ќе се искачи до 11 степени.

Утре ќе биде сончево со мала облачност, слаба магла по одделни котлини и со утринска температура од минус три до три и дневна од шест до 14 степени.

Во понеделник умерено облачно со слаб до умерен северен ветер и со утринска температура од минус три до четири и дневна од пет до 13 степени.
XS
SM
MD
LG