Достапни линкови

logo-print

Неизвесноста околу тоа дали ќе падне доволно снег за да има скијање, ги мачи туристичките работници со години. За да не зависи скијачката сезона од природата, на Попова Шапка годинава започна изградба и воспоставување на систем за вештачки снег.

На Попова Шапка поради малку снег овој декември немаше добри услови за скијање. Трисеттина сантиметри снежна покривка не беа доволни за да се подготват скијачите патеки со специјалните возила таканаречени ратраци. Поради тоа скијачите се во очекување на поволни временски услови односно нови поинтензивни врнежи од снег.
Како времето проаѓа има сè поголемо затоплување и сезоната за скијање е се покасно.

Петре Димитриевски, сегашен менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка,кој повеќе децении работи таму, смета дека глобалните климатски промени се причината за зависноста на овој скијачки центар од временските прилики. Според него, постои значајна разлика на снежните врнежи од пред Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.

Петре Димитриевски, менаџер на скијачкиот центар Попова Шапка.

неколку децении и сега.

„Многу порано пред некаде 20-тина години и во ноември имаше скијање на Шапка. Како времето проаѓа има сè поголемо затоплување и сезоната за скијање е се покасно. Така да еве сега гледаме дека многу малку падна пред три недели. За еден скијачки центар како Попова Шапка временските услови се многу
Јас мислам дека наредна година скијачкиот центар Попова Шапка ќе има вештачки снег, езерото некаде 50 потсто е направено, мрежа треба да се пушти наредна година.
битни“,вели Петре Димитриевски.

Неизвесноста околу тоа дали ќе падне доволно снег за да има скијање, ги мачи туристичките работници со години. За да не зависи скијачката сезона од природата, на Попова Шапка годинава започна изградба и воспоставување на систем за вештачки снег.

„Јас мислам дека наредна година скијачкиот центар Попова Шапка ќе има вештачки снег, езерото некаде 50 потсто е направено, мрежа треба да се пушти наредна година. Без вештачки снег скијачкиот центар Попова Шапка не може да функционира“, вели Петре Димитриевски.

Вештачкиот снег ќе овозможи скијање да има многу порано од вообичаениот почеток на скијачките сезона што сега, доколку има снег е во декември.

„Наредна година се надеваме дека крај на октомври, почеток на ноември ќе има скијање на Попова Шапка. Затоа што температурите на Попова Шапка се ниски, одговараат за вештачки снег. После 15-20 октомври на Попова Шапка температурите се минус. Минус два степени, минус три идеални за вештачки снег“,вели Петре Димитриевски.

Со оглед дека за системот, се гради вештачки езеро, на Попова Шапка се надеваат дека во летниот период тоа ќе биде уште една нова атракција за овој планински центар.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG