Достапни линкови

Уставниот суд на Србија ја прогласи за неуставна Академијата на науките на Војводина


Собрание на Војводина

Собрание на Војводина

Српскиот Уставен суд денеска реши дека создавањето на Академија на науките и уметностите на Војводина е во спротивност со Уставот и законите на Србија, јави Радио-телевизија Војводина.
Уставниот суд на Србија претходно оцени дека некои делови од Статутот на Автономната Покраина Војводина не се во согласност со Уставот на Србија.
Според најавите од Нови Сад, војводинската Академија, која беше формирана во 2003 година, по одлуката на Судот ќе го промени своето име во Академија на науките, културата и уметностите на Војводина и натаму ќе биде финансирана од покраинската Блада.
Владата на Војводина ја сочинуваат Демократската партија, Лигата на социјалдемократите на Војводина и Сојузот на војводинските Унгарци (СВМ), кои се во опозиција на државно ниво.
XS
SM
MD
LG