Достапни линкови

За владата и бизнисмените 2013 била добра година


Годината што изминува на економски план за Владата и за бизнис заедницата е добра. Ова е констатацијата од денешната средба на премиерот Никола Груевски и членови на Владата со бизнисмени од Комората на Северозападна Македонија.

Владата преку општиот амбиент за работа, преку обезбедување евтини кредити, преку навремено раздолжување кон стопанството и плаќање на обврските и сите други политики и мерки, а бизнис секторот со својата креативност и претприемачкиот дух успеа да ја помине добро годината, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по завршување на средбата.

Бизнис секторот на средбата од Владата побара и натаму да се работи на подобрување на бизнис климата, инфраструктурата, како што е железничко поврзаување со Албанија и автопатско поврзување со Косово, работата на администрацијата во одделни институции и користењето на средствата од ИПАРД програмата.
XS
SM
MD
LG