Достапни линкови

СДСМ поднесе кривични пријави за спомениците


СДСМ, до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава за организиран криминал против министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, и против советниците на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат, соопшти денеска партискиот портпарол Петре Шилегов.
Кривичната пријава, како што наведе, е поднесена поради основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на РМ од над 3,5 милијарди денари.
- Се сомневаме дека спротивно на членовите 3, 4, 5 и 8 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, првообвинетата учествувала, поттикнала и ја злоупотребила својата функција на начин што во име на Министерството доставила 13 иницијативи до општина Центар за подигање на 22 спомен-обележја. Иако од содржината и описот на ликовите даден во иницијативите произлегува дека станува збор за изградба на меморијални споменици, за нив не е надлежна општината туку Собранието на РМ, изјави Шилегов.
XS
SM
MD
LG