Достапни линкови

Над 120.000 луѓе расселени во Јужен Судан


Обединетите Нации соопштија дека над 120.000 луѓе во Јужен Судан биле принудени да ги напуштат своите домови поради актуелните насилства. Во меѓувреме, во Кенија се одржува состанок на африканските лидери, посветен на наоѓање политичко решение за кризата во Јужен Судан. Во конфликтот што започна на 15-ти овој месец, досега загинале најмалку илјада луѓе.
XS
SM
MD
LG