Достапни линкови

logo-print

Прес конференција на членките на Пуси Рајот


Двете членки на групата Пуси Рајот, Марија Аљокина и Надежда Толоконикова, денеска одржуваа прес конференција во Москва, прва по ослободувањето од затвор. Толоконикова изјави дека сеуште се залага за соборување од власт на рускиот претседател Владимир Путин и оти на негово место би сакала да го види Михаил Ходорковски. Аљокина, пак, ја обвини Руската православна црква дека имала улога во нејзиното апсење. Двете соопштија дека започнале проект за заштита на правата на затворениците во Русија.

Прес конференцијата се одржуваше во близина на црквата Христос Спасителот, каде што групата Пуси Рајот настапи со песна против Путин,по што беа обвинети и осудени за хулиганизам. Тие изјавија дека сакале да ги критикуваат политичките врски меѓу Путин и Руската православна црква, а не да ги навредуваат верниците.
XS
SM
MD
LG