Достапни линкови

logo-print

Киднапиран американец во Пакистан бара помош од Обама


Еден американски државјанин, киднапиран во Пакистан во 2011-та година, побара од претседателот Барак Обама да преговара за негово ослободување. Во видео порака, испратена до новинарите во Пакистан, Ворен Венштајн вели дека се чувствува отфрлен и заборавен. Неговите киднапери, едно исламистичко движење, бара од Соединетите Држави да ги запрат воздушните напади во Авганистан, Пакистан, Сомалија и Јемен. Белата Куќа побара негово ослободување, но ја отфрли можноста да преговара со киднаперите.
XS
SM
MD
LG