Достапни линкови

САД изразија загриженост од насилствата врз критичарите на власта во Украина


Соединетите Држави изразија голема загриженост од насилствата врз активисти и новинари кои учествуваат во про-европските протести во Украина. Портпаролот на Стејт Департментот Џен Псаки изјави дека претепувањето на новинарката Тетјана Чорновол е вознемирувачко, и ја повика владата во Украина да ги респектира човековита права. Псаки исто така повара од Киев да испрати јасна порака дека нема да го толерира насилството против критичарите на владата.
XS
SM
MD
LG